Hakan Ceyhan Aydoğan
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
МОСКВА (АА) – Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека по утврдувањето на заедничкиот механизам на преговорите во Астана за следење и спроведување на примирјето во Сирија, се надева оти тоа ќе предизвика напредок и на политичката сцена, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со министерот за надворешни работи на Венецуела, Делси Родригез во Москва, на заедничка прес-конференција, Лавров даде оцена за кризата во Сирија.
Лавров истакна дека на преговорите во Астана, на кои учествуваат дипломати и армиски претставници, освен формирањето механизам за следење на примирјето, се разгледува и формирањето на делегации од режимот на Асад и од опозициските сили, кои ќе учестуваат во политичките преговори, а се разговара и за подготовките за уставни преговори.
Тој рече оти се надеваат дека откако ќе се утврди заедничкиот механизам на преговорите во Астана за следење и спроведување на примирјето во Сирија, дека тоа ќе предизвика напредок и на политичка сцена.
Од друга страна, пак, Лавров ја истакна изјавата на Доналд Трамп во која Иран ја оценува како „терористичка држава број еден“, и рече дека тоа им го остава на совеста на медиумските претставници и на аналитичарите. Лавров пoтврди дека Иран дава свој придонес преку поддршката што им ја дава на вооружените групи во Сирија, во борбата против терористичката организација ДЕАШ.