Ali Cura
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, разговараа околу ситуацијата во североисточна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека Лавров и Чавушоглу реализирале телефонски разговор.
Во соопштението се истакнува дека страните во разговорот особено се осврнале на ситуацијата во северноисточниот дел на Сирија и за деталите за решавање на сириското прашање.
За време на телефонскиот разговор двајцата министри се осврнале и на ситуацијата на Балканот.
Министрите за надворешни работи на Турција и Русија исто така се согласиле да продолжат со интензивниот дијалог, со цел дополнително зајакнување и подобрување на турско-руската соработка во сите области.