Aydoğan Kalabalık
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
КАИРО (АА) - По апсењето за време на протестите низ Египет во септември оваа година е донесена одлука за ослободување на 200 демонстранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Околу 1.000 лица се уапсени низ Египет за време на најновиот бран демонстрации против претседателот на земјата, Абдел Фатах ал Сиси.
Мустафа Демири, еден од адвокатите на уапсените демонстранти, потврди дека е донесена одлука за ослободување на 200 од нив, без да бидат упатени пред суд.
Стотици демонстранти излегоа минатиот месец на улиците во центарот на Каиро и во уште неколку градови, за да протестираат против Сиси, некогашниот армиски генерал кој во 2014 година ја презеде функцијата претседател, по соборувањето на демократски избраниот претседател на Египет, Мухамед Морси.
Протестите се организирани како одговор на повикот до Сиси да отстапи од позицијата, кој го упати Мухамед Али, бизнисменот кој Сиси и војската ги обвини за корупција.
Тој преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат на улиците и да се придружат на протестите под слоганот „Сиси, доста е“. Демонстрантите, првпат во септември оваа година, по 2013 година, излегоа на плоштадот „Тахрир“.
Полицијата интервенираше и уапси околу 1.000 демонстранти.