İdiris Okuduci
03 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
БЕЈРУТ (АА) - Министерот за информации на Либан, Џорџ Кардахи, кој со своите изјави беше цел на некои земји од Персискиот Залив и предизвика дипломатска криза, поднесе оставка од функцијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кардахи, причината за оставката ја соопшти на прес-конференција одржана во Министерството за информации.
„Интересите на мојот народ и мојата земја се над моите лични интереси“, рече Кардахи, додавајќи дека денеска поднел оставка од министерската функција која ја започнал во септември.
Кардахи, истакнувајќи дека се консултирал со Сулејман Франци лидерот на Христијанското движење „Марада“, во кое членува и тој, рече дека не сака поради него да бидат повредени либанскиот народ и Либанците кои живеат во Заливот.
- Кризата меѓу Либан и земјите од Заливот -
Либанскиот министер за информации, Кардахи, во телевизиска програма емитувана на 27 октомври, употреби обвинувачки изрази против Саудиска Арабија за нејзиниот став за Јемен.
На прашањето дали мисли дека Хусите, исто како и Хезболах, ја бранат сопствената земја како вооружена организација, Кардахи рече: „Секако дека ја штитат својата земја. Мое лично мислење е дека оваа војна во Јемен мора да заврши. Куќите, зградите, селата и градовите ги напаѓаат воени авиони.“
Либанскиот премиер Наџиб Микати даде писмена изјава во која се осврна на изјавите на Кардахи, кои наидоа на реакција на администрацијата на Ријад.
Микати рече дека изјавите на Кардахи во никој случај не ја одразуваат политиката на Либан со арапските земји и особено со Саудиска Арабија.
И покрај тоа, Саудиска Арабија и Бахреин ги отповикаа своите амбасадори - од Либан на 29 октомври, од Кувајт и Обединетите Арапски Емирати на 30 октомври и од Јемен на 2 ноември.