Esra Taşkın
23 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој не успеа да добие апсолутно мнозинство во Националното собрание на одржаните парламентарни избори во Франција, почна да работи на пронаоѓање политичка коалиција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Франција, Макрон, ѝ се обрати на нацијата за првпат по одржаните последни избори.
Макрон нагласи дека стапката на оние кои не излегле на изборите е висока, и дека таа состојба не може да се игнорира.
Францускиот претседател рече дека има длабоки поделби во француското општество, и дека тоа се одразува и во структурата на Парламентот.
Макрон истакна дека оваа ситуација ја покажува загриженоста на дел од гласачите.
Потенцирајќи дека во Парламентот во моментот ниту една политичка сила не може сама да ги носи законите, Макрон рече дека владејачкиот фронт, за да ги носи законите треба да формира коалиција или да прави компромис за секој предлог-закон.
Емануел Макрон рече дека два дена се среќава со лидерите на политичките партии.
Според него, треба да се преземат чекори за прашањата како што се куповната моќ, енергијата, животната средина, вработувањето и здравството во земјата,
Макрон додаде дека се потребни важни реформи за да се реализираат тие прашања.
Во Франција за апсолутното мнозинство во Националното собрание која има 577 места потребни се 289 пратеници. Сојузот на владејачкиот фронт на последните избори успеа да добие само 245 пратенички места.