Sinan Doğan
10 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
БОГОТА
Криминалните организации убија 66 политичари во Мексико во последните шест месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во медиумите во земјата, во извештајот објавен од властите пред федералните избори планирани да се одржат во јуни, се наведува дека 66 политичари се убиени од криминалните организации во последните шест месеци.
Во извештајот, исто така се наведува дека се зголемени заканите и уцените кон градоначалниците, парламентарците и кандидатите пред федералните избори планирани да се одржат по три месеци.
Меѓу другото, се додава дека ризикот за безбедноста на животот на политичарите е голем.
Во извештајот се нагласува дека градовите Чивава, Веракруз и Канкун се најопасните места за политичарите.
Кандидатот за градоначалник, Пуерто Морелос, беше убиен од неидентификувани лица на 24 февруари.
Според Здружението на локални власти на Мексико, 192 градоначалници биле убиени меѓу 2006 и 2020 година од криминални организации.