Alma Çekovic
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Телата на тројца планинари, за кои се верува дека настрадале пред повеќе од две децении, беа пронајдени на италијанската страна од планината Монблан, со највисок врв во Западна Европа, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Глечерот постојано се поместувал и можеме да заклучиме дека смртта се случила околу 1995 година, изјави портпаролот на алпската служба за спасување во италијанскиот северозападен регион Вале д'Аоста.
Според информациите од италијанските медиуми, телата ги пронашол француски планинар.
Акцијата на извлекување на телата на планинарите, кои беа поврзани со јаже, заврши успешно.
На највисокиот врв на Алпите во Западна Европа, кој се наоѓа на границата помеѓу Франција и Италија, продолжува потрагата по жртви меѓу алпинистите.
Во изминатиот период беа пријавени голем број смртоносни несреќи во коишто загинаа планинари од Франција, Чешка, Јужна Кореја и од Украина.
Во селото Шандолин, во југозападниот дел на Швајцарија, на глечер од кој се повлекува мразот, на почетокот од оваа година беа пронајдени замрзнатите тела на швајцарски пар кој исчезна на Алпите пред 75 години.