Elena Teslova
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
МОСКВА (АА) - Американското воено присуство во Сирија е препрека за мировниот процес во таа земја, изјави портпаролката на руското Mинистерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Американското нелегално воено присуство во Сирија останува сериозен предизвик за мировниот процес во таа земја, и за зачувувањето на нејзиното единство и територијален интегритет“, изјави Захарова на денешената прес-конференција.
Захарова тврди дека милитантите користат 55-километарска зона, која едногласно ја формирале Соединетите Американски Држави (САД) околу својата воена база во јужниот дел на Сирија, за да се сокријат од силите на сирискиот режим.
„Милитантите се кријат од прогонот на владините сили во Сирија, таму повторно се групираат и се вооружуваат за нови напади во сириската пустина“, истакна Захарова.