Ekipa
03 Март 2025•Ажурирај: 04 Март 2025
ЊУЈОРК (АА) - Муслиманите кои живеат во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), се собраа на Тајмс сквер за ифтар, каде што ја извршија и терави-молитвата (терави-намаз), јавува Анадолу.
Терави е доброволна молитва што се клања по јација, последната вечерна молитва, и има духовно значење за време на месецот Рамазан.
Во текот на овој свет месец, муслиманите постат од зори до зајдисонце, воздржувајќи се од храна, пијалак, пушење и физичка интимност. Тие, во текот на Рамазан се обидуваат да ја зголемат својата молитва, особено во текот на ноќта, да го рецитираат Светиот Куран, да се вклучат во добротворни цели и праведно да се однесуваат.
Светиот месец Рамазан завршува со Рамазан Бајрам, празнична прослава што го означува крајот на постот.