Haydar Karaalp
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
БАГДАД (АА) – Иако се тврди дека сите вооружени групи ја напуштиле областа Синџар во Мосул, Ирак, турските безбедносни сили кои истакнаа дека ситуацијата е следена со претпазливост, сѐ уште не потврдиле дека терористите го напуштиле регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Заедничката оперативна команда на Ирак, Тахсин Хафаџи, во изјавата за државната новинска агенција рече: „Според договорот меѓу Владата и администрацијата на Регионалната курдска управа на северен Ирак, федералните сили се одговорни за контролата и осигурување на безбедноста во Синџар.“
Истакнувајќи дека федералната полиција поврзана со централната Влада е распоредена во областа, Хафаџи истакна дека и пограничните сили исто така се наоѓаат надвор од областа, на ирачко-сириската граница.
„Сите вооружени структури го напуштија Синџар“, истакна портпаролот Хафаџи.
Тој, процесот на „консултации“ со терористичката организација ПКК која се наоѓа во областа, го опиша на следниот начин:
„Централната влада и Заедничката оперативна команда вложија големи напори во консултација со групи поврзани со ПКК за да ги подготват основите за спроведување на договорот. Командата за операции „Западна Нинова“ е одговорна за безбедносното досие во Синџар.“
Од друга страна, турските безбедносни сили кои истакнаа дека ситуацијата е следена со претпазливост, сѐ уште не потврдиле дека терористите го напуштиле регионот.