Sümeyye Dilara Dinçer,Nazlı Yüzbaşıoğlu
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со Ковид-19 во светот достигна речиси 65 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпалот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на вирусот во светот се зголеми на 64.845.884.
Досега во светот од последици на вирусот починаа 1.499.357 лица, додека се излекуваа над 44,9 милиони.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде се заразени повеќе од 14,3 милиони луѓе.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија (9.534.964), Бразил (6.436.650), Русија (2.347.401), Франција (2.244.635), Шпанија (1.682.533), Велика Британија (1.659.256), Италија (1.641.610), Аргентина (1.440.103), Колумбија (1.334.089), Мексико (1.133.613), Германија (1.105.832), Полска (1.013.747).