Furkan Naci Top
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
АТИНА (АА) - Процентот на неврботеност во Грција за месец март е намален и изнесува 22,5 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Заводот за статистика на Грција (ELSTAT), процентот на невработеноста во март, приспособен на влијанието на ефектот на сезоната, во споредба со процентот на невработеност во однос на претходниот месец е намален и изнесува 22,5 отсто.
Во март, во Грција имало 1.068.000 невработени лица. Највисок процент на невработеност од 46,6 отсто е забележан кај младите на возраст од 15 до 24 години.
Процентот на невработеност во февруари е ревидиран и во тој месец невработеноста изнесувала 22,9 отсто.
Иако во последниот период е забележано намалување на невработеноста во Грција, оваа земја сепак има највисок процент на невработеност меѓу земјите од еврозоната.