Aybüke İnal
23 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана објави дека терористичката организација ПКК/ЈПГ, која воопшто не е поразлична од ДЕАШ, продолжува со своите терористички напади врз невиното цивилно население, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите, убијците на деца, денес извршија напад со возило бомба врз цивилите што работеле во индустриската зона на Тел Абјад. Според првичните проценки, во нападот животот го загубиле тројца цивили, а над 20 се ранети“, соопшти Министерството преку својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.