Khalid Mejdoub,Hamdi Yıldız
23 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
РАБАТ
Во јужниот дел на Мароко, на крајбрежјето од подрачјето на Сиди Ифни потона рибарски брод. Во несреќата животот го загубија 2 лица, а 14 се водат како исчезнати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави мароканската официјална новинска агенција МАП (MAP), во јужниот дел на земјата, на отворено море, на оддалеченост од 20 милји од крајбрежјето на Сиди Ифни пронајдени се две тела кои потекнуваат од рибарски брод што потонал.
Рибарскиот брод на 19 ноември испловил од пристаништето „Тантал“, а во тек е операција за пронаоѓање на 14 рибари кои се водат како исчезнати.