Tuğrul Çam
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД го осуди одржувањето на референдумот во Република Српска (РС) во неделата, 9 јануари да се одбележува и слави како Ден на Република Српска, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Марк Тонер, во пишано соопштение потсети дека властите во РС референдумот го одржале спротивно на одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
„Соединетите Американски Држави го осудија овој нелегален референдум”, истакна Тонер, кој додаде дека референдумот го оневозможува спроведувањето на Дејтонскиот договор и дека САД ќе ги поддржи локалните институции, кога станува збор за реагирање на организирањето на референдумот.