Vesna Besiç
21 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
ЗАТОР (AA) - Во најголемиот полски Забавен парк „Енергиландиа“ се наоѓа и најголемиот тобоган во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хиперон, со висина до 77 метри е главна атракција на големиот број туристи кои доаѓаат да го посетат Забавниот парк во полскиот Затор.
Првиот пад за време на возењето со тобоганот е долг 80 метри, на наклон од 84 степени. Возот, во кој се наоѓаат 28 лица, се движи со брзина од 142 километри на час. Кругот е со должина од 1,5 километри, а вклучени се и кривини, тунели и двојни вртења.