Ali Semerci
21 Јули 2018•Ажурирај: 22 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Денеска беа погребани четворицата Палестинци кои го загубија својот живот во вчерашните напади на Израел во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
По погребната молитва на еден од загинатите Палестинци, Мухамед Шериф Бедван (27), во џамијата „Хазрети Омер“ во централниот дел на Газа, тој беше покриен со турското знаме, а потоа погребан на градските гробишта.
Мухамед Ебу Ферхан (31) е погребан во местото Абесан ал-Кебира во градот Хан Јунус, 26-годишниот Шабан Ебу Хатир беше погребан на гробиштата во местото Бени Сухејла во истиот град, додека 23-годишниот Махмуд Кишта е погребан во градот Рафа.
Овие четворица Палестинци загинаа во вчерашните напади на Израел врз Газа извршени со воени авиони и артилерија, под изговор дека е отворен оган врз нивните војници на границата.
Израелската војска вчера соопшти дека еден израелски војник загинал како резултат на отворениот оган од Газа.
Во вчерашното соопштение на Војската беше наведено дека во нападите, извршени во текот на вчерашниот ден во Газа, погодени се 15 цели на бригадата Изедин ел-Касам, која е воено крило на Хамас, и дека е прогласен висок аларм.