Ekipa
18 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
РАМАЛА (АА) – Палестинец осуден на доживотен затвор ја одбележа својата 40-та година во израелски затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Махер Јунес (64) беше уапсен од израелските сили во градот Ара во северен Израел на 18 јануари 1983 година, според Здружението за палестински затвореници, невладина организација која се залага за правата на палестинските затвореници во израелските затвори.
Невладината организација соопшти дека израелските власти му одредиле доживотна казна затвор на Јунес во траење од 40 години, што значи дека тој ја отслужува последната година.
Здружението истакна дека израелските власти претходно одбиле да го вклучат Јунес во какви било договори за размена на затвореници.
Палестинските невладини организации проценуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 4.600 палестински затвореници.