Zehra Ulucak
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ТОКИО (АА) - Поранешниот американски претседател, Барак Обама, укажа на важноста од соработката на сојузот на Јапонија-САД и меѓународната заедница против севернокорејските закани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Кјодо (Kyodo) јавува дека Обама при посетата на Азија и Океанија, присуствувал на меѓународниот форум во Токио, на кој изјавил дека Северна Кореја претставува сериозна закана.
„Пјонгјанг константно продолжува да го развива нуклеарното оружје. Ким Џонг-ун не се воздржува да зборува за намерата од развивање додатно нуклеарно оружје, од тестирањето на нуклеарно оружје и од развивањето системи за лансирање на проектили кои не претставуваат опасност само за регионот, туку и за светот“, рече Обама.
Смета дека би било идеално севернокорејската закана да се отстрани по мировен пат. Укажа и на важноста од продолжувањето на сорабоката на сојузот на Јапонија и САД со Јужна Кореја и Кина за да се одржи притисокот врз Пјонгјанг.
„Досега не видовме некој значаен напредок кој би сакале, но мислам дека она што е важно е разбирањето дека ниту една земја не може индивидуално ефикасно да го реши овој проблем, како што би можеле заедно“, изјави Обама.
По форумот, Обама се состана со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.