Ekipa
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
МОГАДИШУ (АА) - Аидид Сулејман, министерот за туризам и животна средина на сомалиската покраина Џубалан, преживеа обид за атентат во кој се убиени двајца негови телохранители и уште еден цивил, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сулејман за новинарите изјави дека бомбашкиот напад е извршен врз неговата резиденција во Кисмај, јужно од Могадишу, но дека тој не е повреден.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, а слични напади претходно во Сомалија извршуваше терористичката група Ал Шабаб, која е огранок на Ал Каеда на Африканскиот рог.
Во јули во оружен напад беше убиен Нур Наши Варсаме, министер во Владата на сомалиската покраина Хиршабел. Минатата година во атентат е убиен и заменикот на сомалискиот министер за труд и социјална политика, Сакар Ибрахим Абдал.