Muhammet Nazım Taşcı
30 Август 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Дваесет лица загинаа во катастрофите предизвикани од монсуните во индиските држави Мадја Прадеш и Одиша, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на каналот „НДТВ“, осум лица загинале во државата Мадја Прадеш како последица на обилните дождови, а евакуирани се 1.200 лица од 40 села кои се погодени од поплавите.
Властите соопштија дека 12 региони во покраината се погодени од обилните врнежи и дека 9.300 луѓе се пренесени во кампови.
Во поплавите уништен е и новоизградениот мост во регионот Сенои.
Активностите за пребарување и спасување продолжуваат во регионите зафатени со катастрофата.
Врнежите од дожд се очекуваат да продолжат и во наредните денови.
- Во индиската сојузна држава Одиша загинаа 12 лица -
Во државата Одиша 12 лица ги загубија своите животи поради обилните врнежи од дожд.
Над 415.000 луѓе во 10 региони во државата се погодени од монсуните, додека уништени се над 2.750 куќи.
Властите истакнаа дека околу 20.000 луѓе се евакуирани во 206 кампови, а акциите за спасување продолжуваат.
Во извештајот за состојбата со поплавите на Одделот за управување со катастрофи при индиското Министерство за внатрешни работи од 12 август се наведува дека како резултат на поплавите предизвикани од обилните врнежи во 2020 година животот го загубиле 868 лица во 11 држави.
Во Јужна Азија секоја година монсунските дождови од јуни до септември предизвикуваат големи природни непогоди.