AP
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во њујоршкиот кварт Бруклин денес од огнено оружје се убиени четири лица, меѓу кои и дете, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Стивен П. Дејвис, изјави дека во тек е истрагата за да се утврди дали станува збор за случај на убиство и самоубиство.
Меѓу убиените е и девојче под 2 години, пишува „Њујорк Тајмс“.
Останатите жртви се тинејџер и двајца мажи на возраст од над 20 и над 50 години.
Телата на убиените ги пронашол член на семејството во раните утрински часови во нивниот стан во населбата Браунсвил, каде што стапката на насилство е на највисоко ниво во Њујорк.
Како и останатите делови од градот, и Браунсвил во последните години бележи намалување на стапката на криминалот.