Betül Yürük
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации изразија загриженост и ги осудија антимуслиманските изјави на Доналд Трамп, кој води кампања во трката за републикански кандидат за претседателските избори, кои во САД ќе се одржат следната година, јавува Anadolu Agencyy (AA).
„Реториката кој ја користи Трамп во својата кампања би можела во опасност да ја стави исклучитено значајната програма за згрижување на бегалците во САД од земјите загрозени со војна. Поради тоа сме загрижени“, изјави гласноговорникот на Комесаријатот на ОН за бегалци (УНХЦР), Мелиса Флеминг во Женева.
Истакнувајќи дека веќе две години сериозно се работи на програмата на згрижување на бегалците во САД, Флеминг рече дека ќе биде голема штета сиот тој труг да биде залуден, поради неодговорните испади на Трамп.
Флеминг наведува дека секоја година во светот во другите земји се згрижуваат скоро 100.000 бегалци и дека САД се еден од најважните партнери во тој процес.
И претставникот на Меѓународната органзација за миграции (IOM) Џоел Милман, ги критикуваше антимуслиманксите изјави на Трамп. Милман тврди дека предрасудите и дискриминацијата на луѓето врз верска основа при пружањето хуманитарна помош, претставува најгрубо кршење на сите важечки меѓународни норми и права.
Американскиот бизнисмен Трумп, во рамките на својата предизборна кампања изнесе низа антимуслимански изјави, кои наидоа на оштри критики во САД и пошироко, а синоќа ја повика американската власт да забрани влез на сите муслимани во САД, со образложение дека сите претставуваат терористичка закана.
Белата куќа ја осуди таа изјава и порача дека верските слободи во САД се загарантирани со Уставот.