Şerife Çetin
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
БРИСЕЛ
Германскиот министер за здравство, Јенс Спах, истакна дека во рамките на солидарноста на Европската Унија (ЕУ), сите земји членки ќе имаат истовремен пристап до вакцината Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Спах и Стела Кириакидес, членка на Комисијата за здравство на ЕУ, по состанокот на министрите за здравство одржана преку видеоконференција, дадоа изјави за медиумите.
Истакнувајќи дека ЕУ размислува за повеќе опции за вакцинацијата и „не игра на еден коњ“, Спах рече дека поради таа причина ЕУ е помалку погодена од одложувањата.
Спах посочи дека има илјадници доброволци кај кои ќе се тестираат вакцините. Исто така, Спах нагласи дека најважните прашања се ефектот и сигурноста на вакцината.
„Во рамките на солидарноста на ЕУ, 27 земји членки ќе можат истовремено да стигнат до вакцината“, рече Спах.
- „Ќе се има пристап до 2 милијарди дози вакцина“
Стела Кирикаидес наведе дека бројките во Европа се намалуваат, но дека сепак ситуацијата е „чувствителна и сериозна“.
Посочувајќи дека во Европа на секои 17 секунди умира по едно лице од Ковид-19, Кириакидес рече: „Мораме да ги следиме мерките за борба против Ковид-19 во следните месеци сѐ додека успее вакцинацијата.“
Истакнувајќи дека сите земји членки треба да дејствуваат координирано бидејќи се приближуваат празниците на крајот на годината, Кириакидес посочи дека раното олабавување на ограничувањата може да биде опасно.
Наведувајќи дека ЕУ се подготвува да го потпише својот шести договор за вакцинација, Кириакидес додаде: „Благодарение на Европската стратегија за вакцините, ќе имаме пристап до 2 милијарди дози вакцини.“