Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
ИДЛИБ (AA) - Во рамките на операцијата „Маслинова гранка" турските вооружени сили и Ослободителната војска на Сирија (FSA) од терористите на ПЈД/ПКК го ослободија селото Алкана, западно од Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата на турските сили и Ослободителната војска на Сирија (FSA) во близина ја селото во местото Рају сеуште трае.
Откако претходно во вторник од терористите се очистени селата Сулејман Халил и Сати Саги, во вечерните саати е ослободено и селото Алкана.
Влијанието на терористичката организација во местото Алкана е сломено откако на тоа подрачје се ослободено одредени села стратешки ридови.
Во текот на операцијата „Маслинова гранка", која трае веќе 11 дена, од терористичката организација се ослободени 24 точки, од кои 18 села во пет подрачја во близина на Африн, како и пет стратешки ридови.
Операцијата во Африн е покрената на 20 јануари во согласност со турските права засновани на меѓународно право и резолуциите на Обединетите нации, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005.), 2170 (2014.) и 2178 (2014.).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.