İdiris Okuduci
15 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
БЕЈРУТ (АА) - Утрово започна гласањето на општите избори во Либан, на кои над 3,91 милион луѓе ќе имаат можност да гласаат за прв пат по народните протести во 2019 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вратите на гласачките центри во 15 изборни единици низ државата се отворени од 7:00 часот по локално време.
Вкупно 718 кандидати учествуваат во трката за 128 места во Парламентот, а возраста за гласање е 21 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера, либанската Армија објави дека презела интензивни безбедносни мерки во многу региони на земјата, особено во главниот град Бејрут.
Последните избори во Либан се одржаа на 6 мај 2018 година со излезност од 49 %.
Изборите во Либан се одржуваат во период кога Либан се бори со тешка економска криза што започна од крајот на 2019 година, вклучително и масовна депрецијација на валутата, како и недостиг на гориво и медицински средства.