Dildar Baykan
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ТОРОНТО (АА) - Најмалку 2 лица се убиени, а 13 ранети во оружен напад кој се случи синоќа во канадскиот град Торонто, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициската управа соопшти дека неидентификуван напаѓач отворил оган во квартот Грентаун и усмртил најмалку 2, а рани 13 лица.
Во соопштението се наведува дека полицијата интервенирала и го застрелала напаѓачот.
Меѓу ранетите е и девојче кое е во животна опасност.
Портпаролот на полицијата, Марк Пугаш, изјави дека истрагата за инцидентот е во тек, и дека е сè уште рано да се говори за можна поврзаност на случајот со тероризам.