Ahmed Asmar
23 Декември 2023•Ажурирај: 24 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа објави дека уште еден палестински новинаер е убиен во воздушен напад на израелската армија врз неговиот дом во централна Газа, пренесува Анадолу.
Канцеларијата соопшти дека со убиството на Мухамад Калифа, бројот на загинати новинари од 7 октомври се зголеми на 100.
Телевизијата Ал Акса на групата Хамас соопшти дека Калифа бил убиен во бегалскиот камп Нусејрат, заедно со неговата сопруга и трите деца.
Од 7 октомври, израелската армија води деструктивна војна во Газа, што резултира со најмалку 20.057 загинати и 53.320 повредени, од кои повеќето деца и жени.
Таа предизвика огромна штета врз инфраструктурата и голема хуманитарна катастрофа, според палестински и меѓународни извори.