Aida Cako
14 Февруари 2025•Ажурирај: 17 Февруари 2025
РАФА (АА) - Голем број Палестинци ја извршија петочната молитва меѓу урнатините на уништената џамија Ал-Фарук во градот Рафа во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Локалните жители и покрај тешките услови се собраа на отворено за да ја извршат верската должност.
Џамијата Ал-Фарук, која се наоѓа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, претрпе сериозни оштетувања за време на израелското воено бомбардирање.
Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, запирајќи ја израелската геноцидна војна во која се убиени речиси 48.200 Палестинци, главно жени и деца.
Израел ја претвори Газа во најголем затвор на отворено во светот, одржувајќи ја 18-годишната блокада и принудувајќи речиси два милиона од нејзините 2,3 милиони жители да се раселат поради големиот недостиг на храна, вода и лекови како последица на ограничувањата.