Sultan Çoğalan
12 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
БУКУРЕШТ (АА) - На парламентарните избори во Романија гласачките кутии се затворија во 19.00 часот според локално време, јавува Anadolu Agency (AA).
Кратко по затворањето на гласачките кутии, членовите на изборната комисија, заедно со претставниците на политичките партии и набљудувачите, започнаа да ги пребројуваат гласовите.
Според првичните проценки, во Романија гласале околу 39 отсто од 19 милиони избирачи во земјата и во странство. На претходните избори, учеството на изборите изнесуваше 41,72 отсто.
Избирачите гласаа на 18.626 гласачки места. На овие парламентарни избори се бираат 330 пратеници и 136 сенатори за Парламентот.
Според изјавата на Министерството за внатрешни работи, на територија на целата земја биле пријавени вкупно 99 неправилности.
Во меѓувреме, во градот Tемишвар една жена се обидела да гласа со неважечка лична карта, додека во градот Јаш, членка на избирачкиот одбор се обидела да гласа наместо својот сопруг.
Во градот Хунедоара по грешка во канта за ѓубре биле фрлени два печати за користење глас. Во главниот град Букурешт пријавен е случај каде што со еден документ за идентификација се гласало трипати. Во градот Галати, за време на користењето на своето право на глас, еден 68-годишен старец преживеал мозочен удар и бил префрлен во болница.
Од друга страна, во градот Дамбовита отворена е истрага за еден член на политичка партија, кој им нудел пари на луѓето што оделе да гласаат.
Некаде околу полноќ се очекуваат првите неофицијални резултати од парламентарните избори во Романија. Иако, според анализите на јавното мислење Социјалдемократите се прикажуваат како фаворити, се смета дека победникот нема да може самиот да состави Влада.