Sinan Doğan
22 Јуни 2023•Ажурирај: 23 Јуни 2023
БОГОТА (АА) - Пет лица загинаа, а 14 се повредени во Мексико во верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе од 10 возила, пренесува Анадолу.
Според вестите објавени во мексиканските медиуми, во градот Тепатитлан на автопатот Запотланехо - Лагос де Морено се случила верижна сообраќајна несреќа.
По добиената пријава, во подрачјето се упатени голем број амбулантни и противпожарни возила.
Во несреќата животот го загубија пет лица, повредени се 14, а неколку од нив потешко.
Претставници на власта информираа дека по несреќата избувнал пожар во некои од возилата и изразија загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Полицијата започна истрага во врска со случајот.