Ali H. M. Abo Rezeg
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
РАМАЛА
Секоја израелска влада - вклучувајќи ја и новата коалиција, заснована на одземање на палестинските територии го загрозува мирот на Блискиот исток, предупреди висок официјален претставник на Палестинската ослободителна организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Било која израелска коалиција кога е изградена врз анексација на палестинските окупирани територии, не само што претставува закана само по меѓународниот поредок заснован врз меѓународното право, туку и закана за мирот, безбедноста и стабилноста на целиот Блиски исток“, изјави синоќа Саеб Ерекат, генерален секретар на Извршниот комитет на ПЛО
Тој ја даде оваа изјава по објавување за израелската Влада на национално единство меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот опозициски ривал Бени Ганц.
Ерекат ја повика меѓународната заедница да се придржува кон своите меѓународни обврски и договори.
„Новата израелска влада има две опции; или да ги отвори вратите за значаен мировен процес или дополнително да ја загрози надежта за мир “, рече тој.
Мора „да го следи патот на соработка, да ги исполни своите обврски согласно меѓународното право или да продолжи со понатамошно проширување на нејзините нелегални колонијални населби, анексија и други прекршувања на израелските обврски“, додаде високиот претставник на ПЛО.
Нетанјаху и Ганц се согласија да формираат Влада на национално единство на ротирачка основа. Врз основа на договорот, Нетанјаху ќе остане премиер на земјата за наредните 18 месеци.
Израел се соочува со политичка криза од април 2019 година кога изборите не успеаја да создадат владејачка коалиција. Трите последователни избори исто така беа неубедливи.