Emre Aytekin
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
АНКАРА
Повеќе од 660.000 луѓе ширум светот, кај кои беше дијагностицирано заразување со новиот тип на Ковид-19, успешно се излекувани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата „Worldometer“, која ги презентира најновите информации поврзани со Ковид-19, покажуваат дека во светот од Ковид-19 се излекувале 660.045 лица.
Најмногу излекувану има во Германија , 95.200, а следуваат Шпанија (82.514), Кина (77.123), САД (72.410), Иран (60.965), Италија (48.877) и Франција (37.409).
Со новиот тип на Ковид-19 ширум светот се заразени 2.510.595 лица, а како последица на заразата починаа 172.778 лица.