Sümeyye Dilara Dinçer
29 Ноември 2022•Ажурирај: 01 Декември 2022
КАЈЛУА-КОНА (АА) - По 38 години дојде до ерупција на вулканот Мауна Лоа во американската сојузна држава Хаваи, известува Агенција Анадолија (АА).
Центар за геолошки истражувања на САД ги предупреди жителите на островот дека ерупцијата на најголемиот активен вулкан во светот би можела да биде многу динамична и можно е да дојде до промена на насоката и брзината на протокот на лавата.
Официјалните лица изјавија дека жителите на островот треба да бидат подготвени за најлошото сценарио и можна евакуација во случај да дојде до брза промена на насоката на протокот на лавата.
Кен Хон од хавајската Опсерваторија за следење на вулканите изјави дека имало последователни потреси по големата ерупција на Мауна Лоа која се случи првпат по 38 години.
Одговорните од здравствениот сектор известија дека го следат квалитетот на воздухот на островот Хаваи и информираа дека во моментов тој е во добра состојба.