Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
ЛИСАБОН (AA) - Осум лица смртно настрадаа во пожарот кој избувна во зграда, во северниот дел на Португалија поради експлозија на печка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Жозе Гомес Хесус, градоначалник на општина Тондела, 250 километри северно од главниот град, Лисабон, во изјава за медиумите истакна дека пожарот избувнал како резултат на експлозија на печка на дрва во една двокатна зграда на здружение, при што животот го загубиле 8 лица.
Паоло Сантос од Дирекцијата за Цивилна одбрана, во изјава за локалното радио TSF, нагласи дека најмалку 50 лица се повредени во пожарот.
Очевидците соопштија дека во зградата се наоѓале околу 60 лица.