Ekipa
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
ВАРШАВА (АА) - Во соопштение од полската противпожарна служба се вели дека авион со 94 луѓе на летот од Гдањск за Копенхаген се вратил на аеродромот и принудно слетал поради чад во внатрешноста на авионот. Се додава дека нема информации дека некој е повреден, јавува Anadolu Agency (AA).
Мариан Хинца, портпарол на противпожарната служба во Гдањск, изјави дека екипажот утринава се вратил на аеродромот „Лех Валенса“ и принудно го слетал авионот.
На летот „Scandinavian Airlines“ (Скандинавијан ерлајнс) имало 88 патници и шест членови на екипажот. Тие беа евакуирани преку излезот за итни случаи.