Ahmet Dursun
30 Јули 2022•Ажурирај: 31 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија поголемиот дел на Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран, животот го загубија 56 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Агенцијата за помош и спасување при Црвената полумесечина на Иран, Мехди Велипур, во изјава за државната телевизија рече дека сѐ уште се трага по 28 исчезнати.
Велипур истакна дека во Имамзаде Давуд и Зериндест Фирузкух, што ѝ припаѓаат на покраината Техеран, настрадале 32 лица, додека во останатите делови од земјата животот го загубиле 24.
Тој додаде дека во тек се спасувачки операции. Досега за 3.500 лица е обезбедено привремено сместување, а спасени се 1.500 лица.
Националниот центар за прогноза и управување со кризи предупреди дека врнежите би можеле да продолжат до понеделник.