Ömer Erdem
23 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
КАРТУМ
Поројните врнежи од дожд во Јужен Судан предизвикаа поплави во кои животот го загубија 70 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џон Абола, заменик-гувернерот на сојузната држава Бома, сместена во југоисточниот дел на земјата, за АА изјави дека во поплавите што се активни во земјата, од октомври досега животот го загубиле 70 лица, претежно деца и старци. Истовремено тој соопшти дека половина милион лица имаат итна потреба од хуманитарна помош.
Претседателот Салва Кир Мајардит минатиот месец прогласи вонредна состојба на подрачјата зафатени од поплавите.
Поројните врнежи од дожд, што продолжуваат со истиот интензитет, од октомври досега предизвикаа голем дел од Јужен Судан да се најде под вода. Притоа околу 800.000 луѓе во земјата станаа ранлива категорија која е подложна на глад и болести.