Fuat Kabakçı
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ПЕКИНГ (АА) – Учеството на кинескиот претседател Си Џинпинг на годишниот состанок на Светскиот економски форум 2017, кој ќе се одржи идната недела, ќе биде првото учество на кинески претседател на форумот во Давос, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе оствари официјална посета на Швајцарија, во перидот од 15 до 18 јануари, а на 17 јануари ќе земе учество на годишниот состанок на Светскиот економски форум 2017, кој ќе се одржи во Давос.
Се очекува Си Џинпинг на состанокот да зборува на темите како борбата против антидампинг, антиглобалиација и изградба на доверба кон кинеската економија. Тој ќе биде првиот кинески лидер од највисоко ниво што некогаш земал учество на средбите во Давос.
Во обраќањето на официјалната прес-конференција, истражувачот од Кинескиот меѓународен институтот за современи односи, Чин Фингјинг, рече дека светската економија и глобализацијата се дојдени до пресечна точка и посетата на кинескиот претседател е со цел да се покажат обврските и моќта на развиената кинеска економија.
За време на својата посета на Швајцарија, кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ги посети и Светската здравствена организација, Обединетите нации и Меѓународниот олимписки комитет.
Минатата година на Светскиот економски форум учествуваа кинескиот премиер Ли Кичианг и неговиот заменик Ли Јуенчао.