Ömer Erdem
18 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
КАРТУМ (АА) – Браќата на соборениот лидер на Судан, Омар ал Башир, притворени со под обвинение за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Воениот совет за транзиција на Судан, Зејнелабидин ел Кебаши Ибрахим, на прес-конференција во претседателската палата во главниот град Картум, истакна дека браќата Абдула и Абас на поранешниот претседател Башир, соборен со воен удар, притворени се под обвинение за корупција.
Ибрахим, исто така, нагласи дека Советот во најкраток рок ќе го предаде раководството на народот.
Протестите во Судан започнати на 19 декември како резултат на економската криза во главниот град Картум и низ целата земја, со голема брзина за проширија во протести против режимот. По масовните протести, пред Домот на армијата во главниот град, на 11 април (четврток), армијата објави дека го презела управувањето со земјата и дека завршил 30-годишниот период на Омар ал Башир.
Суданскиот министер за одбрана, Авад бин Афв, во своето обраќање во својство на претседател на Советот на врховна безбедност, на 11 април, на државната телевизија рече дека армијата ја презела контролата врз власта, дека започнува двегодишен транзициски период и дека Омар ал Башир е уапсен. Но Авад Ибн Ауф, 24 часа откако даде заклетва за претседател на Воениот совет за транзиција, даде оставка и изјави дека место него функцијата ја презема Абдел Фетах ел Бурхан.
Башир, вчера, од официјалната резиденција која се наоѓа во близина на седиштето на армијата, каде што беше задржан во домашен притвор, беше префрлен во Централниот затвор „Кубер“, во главниот град Картум.