Ekip
02 Март 2025•Ажурирај: 03 Март 2025
БРИСЕЛ (АА) - Група граѓани се собраа во Брисел на протест против американскиот претседател Доналд Трамп, по неговата жестока расправија со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Белата куќа, известува Анадолу.
Насобраните граѓани носеа украински знамиња и транспаренти со пораки: „Јас сум Украинец и мојот живот не е карта во играта“, „Запрете го Путин“ и „Запрете ја војната“.
За време на посетата на Вашингтон, Зеленски влезе во жестока расправија со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои постојано го обвинуваа дека е неблагодарен за поддршката на Американците за Украина.
Крајно недипломатската војна на зборови траеше околу десет минути во Белата куќа додека Зеленски се обидуваше да ги одбрани своите постапки во повеќе од тригодишниот конфликт со Русија.
Зеленски потоа ја напушти Белата куќа, а планираното потпишување на договорот за клучните минерали и заедничката прес-конференција беа откажани.