Ali Cura
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко за заедничките чекори што треба да се преземат како одговор на ограничувањето на транзитот од Литванија во регионот Калининград, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кремљ, Путин и Лукашенко денес оствариле телефонски разговор.
Во разговорот е нагласена состојбата во врска со незаконското ограничување на транзитот на стока од Литванија кон руската област Калининград и за заедничките чекори што би можеле да се преземат за тоа прашање.
Разговарано е за прашањата во врска со билатералната трговска и економска соработка, а исто така е потврдена заемната тенденција за континуирано зајакнување на руско-белоруските партнерски и сојузнички односи.
Минатиот месец Литванија забрани некои стоки од списокот за санкции на Европската Унија (ЕУ) да транзитираат низ нејзината територија до Калининград.
Од друга страна, администрацијата на Москва соопшти дека што е можно поскоро ќе одговори на забраната донесена од страна на Литванија.
Единствената железница меѓу Русија и регионот на Калининград минува низ територијата на Белорусија и Литванија.
Калининград е руска територија што нема копнена врска со Русија. Лоциран е на брегот на Балтичкото Море помеѓу Литванија и Полска.