Mehmet Tosun
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во ова соопштение се вели дека двајцата претседатели се осврнале на состојбата во Сирија, како и на украинско-руската војна.
Ердоган и Путин разговарале во врска со формирањето безбедни коридори за извезување на житото во Црното Море.
Исто така, турскиот претседател укажа на важноста од продолжување на прекуграничниот механизам во Сирија, нагласувајќи дека веќе е време да се мобилизираат што се однесува до планот за формирање безбедни коридори за извезување на житото во Црното Море.
Ердоган повтори дека војната меѓу Украина и Русија треба да запре преку преговори со постојан и праведен мир.
Тој рече дека како Туркије се подготвени да понудат каков било придонес за ревитализирање на преговарачкиот процес.