Gözde Bayar
27 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили (ТВС) извршија воздушни напади врз целите на терористичката организација ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските авиони денеска во регионите Зап, Авасин-Басјан и Синат-Хафтанин уништиле места за оружје, засолништа и депоа за муниција на терористите на ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на својата тридецениска кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.