Hakan Ceyhan Aydoğan
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради терористичкиот напад во Кајсери, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштенето од прес-центарот на Кремљ Пyтин рече: „Сигурен сум дека е потребна поголема одлучност во борбата против екстермните групи како одговор на овој тип на напади. Русија е подготвена да ја прошири соработката со Турција во борбата против тероризмот.“
Претседателот на Русија Путин, упати сочуство и до семејствата на загинатите во нападот, а на повредените им посака брзо оздравување.
Од друга страна, се соопштува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу изразил сочуство по повод терорисичкиот напад во Кајсери.
Во сопштението од Министерството за надворешни работи на Русија се вели дека Лавров на Чавушоглу му изразил сочуство и дека се потребни заеднички напори во борбата против меѓународниот тероризам.