Ömer Aydın
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
СТРАЗБУРГ (АА) Советот на Европа и Парламентарното собрание на Советот на Европа го осудија терористичкиот напад во Кајсери, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на Советот на Европа Тхорбјорн Јагланд во својата порака рече дека го осудува терористичкиот напад во Кајсери.
Јагланд истакна дека и покрај тоа што сеуште не поминала една недела од терористичкиот напад во Истанбул, во Кајсери загинаа голем број на војници и повредени се десетици лица.
„Советот на Европа во овие тешки моменти е покрај Турција и тускиот народ. Терористичките напди треба да престанат“ рече Јагланд и додаде дека нападите не и служат на политиката, туку само создаваат страдања кај луѓето.
Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт во изјавата преку социјалните мрежи истакна дека со остар јазик го осудува терористичкиот напад во Кајсери и дека е покрај турската влада, турксиот народ, жртвите на нападот и нивните семејстава.