Dmitri Chirciu
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија не се подготвува за војна со никого и дека се обидува да ги создаде потребните услови за никој да не помисли на војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто за новинската агенција ТАСС, Путин се осврна на производството на оружје.
Посочувајќи дека руската армија е силна, Путин нагласи: „Ние не се подготвуваме за војна со никого. Се обидуваме да ги создадеме потребните услови за никој да не помисли на војна.“
Путин наведе дека Русија произведува оружје што не постои во историјата на светот, и притоа додаде: „САД во однос на оружјето се обидуваат да нѐ стигнат. Тоа не се случило никогаш во историјата.“
Потсетувајќи дека Договорот за намалување на новото стратегиско оружјето (New START), потпишан меѓу САД и Русија во 2010 година е при крај, Путин истакна дека овој договор треба да се обнови.
Рускиот претседател исто така додаде дека треба да се одржи рамнотежата во стратешката област.