Hakan Ceyhan Aydoğan
09 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин му упати честитки на Доналд Трамп по повод неговата победа на претседателските избори во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Честитката на Путин е објавена на официјалната интернет-страница на Кремљ, а првиот човек на Русија изрази надеж дека во наредниот период, со новиот американски претседател ќе има блиска соработка околу завршувањето на кризата во односите меѓу Москва и Вашингтон, како и околу барањето решенија за актуелните меѓународни прашања.
Исто така, Путин во пораката до Трамп истакна дека воспоставувањето конструктивен дијалог врз основа на заемно почитување ќе биди корисно за интересот на народите на двете земји, но и на целиот свет.
Путин на крајот од пораката му посака среќа и успех на Трамп во мандатот на претседател на САД.