Büşra Nur Çakmak
05 Јули 2023•Ажурирај: 06 Јули 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот национален центар за предвидување на животната средина објави дека на 3 јули 2023 година е регистриран досега најтоплиот ден на Земјата, јавува Анадолу.
„Светската просечна температура на 3 јули достигна 17,01 Целзиусов степен (62,62 Фарадиеви степени), со што ја надмина рекордната температура од 16,9 Целзиусови степени пресметана во август 2016 година“, објави Центарот, односно неговиот Оддел за метеоролошка служба.
Овие летни климатски промени иницираат екстремни топлотни бранови низ светот, предизвикувајќи метеоролошки предупредувања и одземаат голем број животи.
Земјите од Северна Америка до Европа, Азија и Блискиот Исток се борат со високи температури.
Во Соединетите Американски Држави (САД) издадено е предупредување низ целата земја бидејќи запурнината предизвикана од топлината на воздухот и опресивната влага погодија голем број региони.
Мексико, исто така, е сериозно погоден, со температури што достигнаа до 40 Целзиусови степени. Над 110 луѓе починаа поради високите температури во оваа земја.
Велика Британија го доживеа својот најтопол јуни откако во 1884 година започна да се води евиденција за температурата на воздухот во земјата. Просечната температура изнесувала 15,8 Целзиусови степени, што е речиси еден степен повеќе од претходните максимуми за месецот.
Температурите во некои подрачја на Иран достигнаа неверојатни 50 Целзиусови степени.
Во Шпанија живата скокна до 44 Целзиусови степени. И Пакистан и Индија претрпеа разорни последици поради високите температури. Кина ги бележи своите најтопли денови во последните шест децении, со температури и до 40 Целзиусови степени.