Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ИДЛИБ (АА) – Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и сојузниците, странските терористички групи, и покрај Договорот од Сочи за заштита на примирјето, продолжија со нападите врз цивилните области во Идлиб. Во нападите е повредено едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, организираат напади со тешко оружје врз цивилните населби од кои е отстрането тешкото вооружување, а кои се наоѓаат во границите на зоната за намалување на тензиите во Идлиб, формирана во рамките на Договорот од Сочи.
Режимот на Асад и неговите поддржувачи извршиле ракетни напади врз цивилните населби во регионите Џерџеназ, Теманије, Сукејк и Тух во југоисточниот дел на Идлиб. Во нападите е повредено едно дете.
И покрај постигнатиот договор во Сочи на 17 септември, досега во нападите на силите на режимот животот го загубија вкупно 32 цивили, а ранети се голем број цивили.
Во време кога продолжуваат нападите на режимските сили, припадниците на воената опозиција, во согласност со Договорот, на 10 октомври го повлекоа тешкото вооружување од одредените подрачја.